Не доаѓа Египет, ама доаѓа Чиле: Македонија ќе игра пријателски со Јужноамериканците

Машката ракометна репрезентација сепак ќе игра пријателски натпревари во рамките на закажаните подготовките пред евентуалниот настап на СП.

Домаќинот на Мундијалот, Египет, поради големиот ризик од коронавирусот, сепак се реши да го откаже патувањето во Македонија, но затоа Чиле би требало да допатува во нашата држава кон крајот на годинава, и тука да го мине последниот дел од подготовките за СП.

Термините за пријателските натпревари се уште не се прецизирани, но веројатно ќе бидат во првата недела од 2021 година.

Јужноамериканската селекција без квалификации доби место за СП, и од Македонија ќе патува за Египет, додека нашата репрезентација е прва резерва и чека повик од ИХФ за настап на Мундијалот.

Контролите со Египет откажани: „Фараоните“ се „исплашија“ од корона

Додека го чекаме „резервниот билет“ за СП: Македонија ќе игра два меча со Египет во Скопје