Македонската репрезентативка Александра Боризовска и во новата сезона ќе го носи дресот на тимот на Куманово.
Најдобриот стрелец во тимот предводен од Ненад Краљевски, иако имаше понуди од други клубови, реши да остане верна на матичниот клуб.
Во минатата сезона Куманово беше блиску до шампионската титула, но коронавирусот ги измеша плановите.
Куманово во новата сезона ќе биде дел од Купот на ЕХФ и ќе стартува од третото коло, а ривалот ќе го дознае на 1 септември.