Нант и Лазаров изненадени, Лемго си замина со цел плен од Франција

Екипата на Нант загуби на домашен терен од Лемго со 27:28 во 2. коло од Групата Б во Лигата на Европа. Кирил Лазаров и соиграчите иако беа фаворити на овој дуел доживеаја непријатно изненадување.

Лемго имаше водство во текот на сите 30 минути во првиот дел, а на паузата гостите заминаа со предност од 10:12. Во продолжението Нант имаше и заостанување од највисоки шест гола, а на крај само го ублажи поразот.

Кирил Лазаров уште еднаш беше дел од својот тим, но и тој се вклопи во изданието на својот тим. Десниот бек постигна три погодоци со реализаија од 50 проценти, а најефикасен беше Тибо Брио со пет погодоци.

На другите натпревари фаворитите Бенфика, Фуксе Берлин, Бидасоа Ирун и Ла Риоха остварија сигурни победи на домашен терен и запишаа нови бодови.

ЛИГА НА ЕВРОПА (МАЖИ)

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

ГРУПА А

ВИСЛА ПЛОЦК – ТУЛУЗ               33:29 (19:17)

ФУКСЕ БЕРЛИН – ТАТРАН ПРЕШОВ        36:23 (18:12)

БИДАСОА ИРУН – ФАДИ ВИНТЕРТУР   32:28 (16:10)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФУКСЕ БЕРЛИН550010
2ВИСЛА ПЛОЦК43016
3ФЕНИКС ТУЛУЗ52034
4БИДАСОА ИРУН31022
5ВИНТЕРТУР41032
6ТАТРАН51042

ГРУПА Б

ГОГ – РИХИМАЕН КОКС               46:30 (22:12)

БЕНФИКА – ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ          38:35 (21:15)

НАНТ – ЛЕМГО 27:28 (10:12)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БЕНФИКА54018
2ЛЕМГО54018
3ГОГ53117
4НАНТ53117
5ЧЕКОВСКИ МЕДВЕДИ50050
6КОКС50050

ГРУПА Ц

НЕКСЕ –САВЕХОФ           39:31 (18:15)

МАГДЕБУРГ – ЕКС АН ПРОВАНС              31:27 (18:18)

ЛА РИОХА – ГОРЕЊЕ31:26 (18:14)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1НЕКСЕ54018
2МАГДЕБУРГ43107
3САВЕХОФ43016
4ЛОГРОЊО51133
5ГОРЕЊЕ51133
6ПАУК50141

ГРУПА Д

КАДЕТЕН Ш. – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР    28:28 (16:11)

НИМ – АЕК         26:27 (16:14)

ТАТАБАЊА – СПОРТИНГ             23:37 (13:18)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1НИМ ГАРД53117
2СПОРТИНГ53117
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР52216
4АЕК52034
5КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН51224
6ТАТАБАЊА51042