Металург со 13 играчи, но и со три бода против Радовиш

Ракометарите на Металург одиграа одличен натпревар во Автокоманда во 7. коло од Супер лигата и ја остварија втората победа во сезоната откако триумфираа убедливо против екипата на Радовиш со 31:19.

Металург имаше контрола на играта и резултатот во текот на сите 60 минути и не дозволи во ниту еден момент Радовиш да се надева на позитивен исход на мечот. Избраниците на Иван Марковски добро отворија и поведоа со 3:1, а потоа имаа и 7:4.

Добрата игра на домашниот тим продолжи до крајот на првото полувреме. Металург го имаше последниот напад од првиот дел, а Каковски со звукот на сирената погоди за највисоко водство на полувреме од пет гола, 14:9.

Радовиш немаше решение за играта на домаќинот, па негативата постојано се зголемуваше. После само девет минути игра во вториот дел Металург имаше двоцифрена предност кога Риберио погоди за 21:11.

Натпреварот продолжи со најчесто игра гол за гол, а предноста постојано се одржуваше на околу десет погодоци и Металург имаше целосна контрола на случувањата на теренот. До крај без многу проблеми тимот од Автокоманда запиша нови бодови со убедливи 31:19.

31 - 19
Конечен резултат

Место

Спортска сала „Автокоманда“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЕТАЛУРГ1431Победа
РАДОВИШ919Пораз

МЕТАЛУРГ

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Костадин Петровпивот00
4Александар Петковскидесен бек13
7Дамјан Субашевски-01
10Даниел Дупјачанецголман00
12Давид Брестовацголман00
13Златко Хорватдесно крило07
15Улисес Рибеиролево крило05
19Милан Лазаревскипивот03
24Халил Озтурклев бек18
28Андреј Митиќпивот22
33Бобан Каковскицентрален бек02
51Димитар Бардакоскиголман00
64Велко Маркоскилев бек00
 Вкупно 431

РАДОВИШ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Славјан Пауновголман00
3Зоран Стојановскилево крило04
4Александар Марковлев бек10
6Спасе Ѓоргиевдесно крило01
7Александар Долдуровлево крило01
10Здравко Постоловцентрален бек01
11Аце Спасовлев бек00
12Александар Ристовголман00
16Александар Мицевголман00
18Ангелче Органџиевлев бек06
19Дино Мехиќдесен бек13
23Кристијан Ристовлево крило02
71Филип Трајановдесно крило01
77Александар Вујниќ-00
88Томче Трајчевскипивот00
90Филип Костадинов-00
 Вкупно 219

Officials

Судии:Делегат:
АНДОНОВ ВИКТОР
ЈОВАНОВСКИ СТОЈАНЧО
НИКОЛОВСКИ АЦО

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР13120136
2ВАРДАР 196112110133
3БУТЕЛ1290327
4ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21272323
5ПРОЛЕТ1270521
6ТИКВЕШ 20141370621
7МЕТАЛУРГ1360718
8ОХРИД1251616
9ПРИЛЕП1340912
10СТРУГА1231810
11РАДОВИШ1210113
12СКОПЈЕ 20201200120