Кизиќ: Тешко е да се напушти Вардар, но го правам најдоброто за мојата кариера

Марко Кизиќ после десетина години поминати во Вардар, на денешниот натпревар во СЕХА лигата го одигра својот последен меч во дресот на својојт матичен клуб, а од наредната сезона ќе биде дел од Еурофарм Пелистер.

Преминувањето од Вардар во Еурофарм Пелистер според неговото мислење е вистински избор за неговата кариера и смета дека го прави вистинскиот потег.

„Тешко е да се напушти својот матичен клуб каде што практично си израснал. Јас од својата десетта година сум во Вардар, поминав низ сите категории и сега после десет години поминати во еден клуб навистина е тешко. Мислам дека го правам најдобриот избор за својата кариера. Вардар и Пелистер се големи ривали но ќе играм исто како и сезонава додека бев во Вардар а имав портпишано со Еурофарм Пелистер, не ме спречуваше да го дадам својот максимум, и во иднина се ќе дадам за победа на мојот клуб“, изјави Кизиќ.

Исто така Кизиќ накратко го прокоментира и собирот на Б репрезентацијата која ќе има настапи против Србија во претстојниот период.

„Сметам дека Б репрезентацијата на Македонија е една убава идеја каде што ние што имаме помалку шанса ќе можеме да се докажеме и да се наметнеме во сениорската репрезентација. Со тоа ростерот на најдобрата репрезентација ќе се зголеми“, заврши голманот.

Марко Кизиќ имаше многу блескави партии со екипата на Вардар кои не останаа незабележани, а исто така се очекува тој да биде иднината и на голманската позиција во репрезентацијата на Македонија