ИДЕАЛЕН ТИМ НА 3. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Eкипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло и во пролетниот дел од сезоната.

Има натпревари од разигрувањата за титула и опстанок во елитната конкуренција, па нема да недостига неизвесност, драма до самиот крај…

Ние одново ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 3. коло од плеј-оф/аут.

Ќе можете да гласате до сабота до 12 часот.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО ПЛЕЈ-ОФ/АУТ

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД 29-23 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ВАРДАР 19-22 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 32-29 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – РАДОВИШ 28-20 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ 20-24 (ИЗВЕШТАЈ)

Според Вас, кој ракометар го одбележа 3. коло од машката Суперлига?

Владан Кастратовиќ - среден бек - Струга
59.89%
Мартин Томовски - голман - Вардар
17.35%
Стипе Мандалиниќ - лев бек - Еурофарм Пелистер
7.54%
Мирко Мајиќ - лево крило - Бутел Скопје
6.26%
Владимир Јевтиќ - пивот - Бутел Скопје
5.26%
Гоце Георгиевски - десно крило - Вардар
2.42%
Куни Моралес - десен бек - Вардар
1.28%

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 19611090132
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР980128
3БУТЕЛ951318
4ТИКВЕШ 2014102269
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2101369
6ОХРИД100282
ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРОЛЕТ770026
2СТРУГА731314
3ПРИЛЕП630312
4СКОПЈЕ 202061145
5РАДОВИШ61053

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Голман: Мартин Томовски (Вардар) – чуварот на мрежата на Вардар имаше девет одбрани против Еурофарм Пелистер 2, но голем дел од нив беа од чисти ситуации.

Лево крило: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје) – Црногорецот продолжува да игра во одлична форма и на Тиквеш му даде седум гола.

Лев бек: Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер) – хрватскиот интернационалец беше меѓу најдобрите поединци на дуелот со Охрид и постигна пет погодоци.

Среден бек: Владан Кастратовиќ (Струга) – организаторот на играта на стружани ја продолжува одличната форма и во плеј-аутот, а на Радовиш му даде седум гола.

Десен бек: Јоел Куни Моралес (Вардар) – кубанскиот десен бек постигна четири гола во Битола, а одбраната на битолчани немаше многу решенија за него.

Десно крило: Гоце Георгиевски (Вардар) – македонскиот репрезентативец со седум гола беше најдобар стрелец на шампионот на дуелот кај Еурофарм Пелистер 2.

Пивот: Владимир Јевтиќ (Бутел Скопје) – кружниот напаѓач имаше одлична партија против Тиквеш и погодуваше шест пати.