Пролет ги грабна трите бода од Прилеп

Ракометарите на Пролет ја забележаа третата победа во суперлигашкиот плеј-аут, откако славеа на гостувањето кај составот на Прилеп со 20-24.

По 3-4 на стартот, избраниците на Алексо Лембанов постигнаа три гола во серија за 3-7 и најава дека во Прилеп се дојдени по бодови и победа. Разликата од четири погодоци гостите ја одржуваа до финишот на полувремето.

Тогаш при резултат 10-14, Пролет не реализираше два напади, а Шокоски и Гичев погодија за 12-14. Иако за гостите остана уште време да постигнат гол, сепак не го направија тоа и на пауза се замина со 12-14.

Пролет поведе со 13-16 на стартот на вториот дел, а по серија промашувања и голмански одбрани на двете страни, Прилеп намали на минус еден, 17-18, кога имаше да се игра уште десетина минути.

Цинцадзе одбрани уште еден удар на гостите, неговите соиграчи не погодија за реми и Пролет веднаш врза два гола во серија за 17-20. До крајот задачата беше само одработена рутински и гостите ги собраа трите бода од Прилеп.

Во победничкиот состав се истакнаа Мартин Димов со седум и Иван Џонов со пет погодоци, додека кај Прилеп најдобар стрелец беше Давор Шокоски со седум гола.

4 април 2022
20 - 24
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
4 април 2022 18:45 ПЛЕЈ АУТ СУПЕРЛИГА 2021/2022 03.04.2022 60'

Место

Спортска Сала Сонце Прилеп

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПРИЛЕП1220Пораз
ПРОЛЕТ1424Победа

ПРИЛЕП

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Лео Дамчевски-00
7Хазеин Рустамовлево крило12
9Христијан Бикоскилево крило11
10Марко Трајковскипивот12
11Симон Мирчевски-02
12Иван Ангелескиголман00
18Давор Шокоскилев бек17
19Антонио Бурчевскипивот00
21Стефан Лозаноски-00
23Реваз Чантуријадесно крило02
27Марио Гичевцентрален бек02
33Стефан Христоскиголман00
34Мириан Гавашелишвилилев бек11
77Зураб Цинцадзеголман00
90Даниел Андоновскилев бек01
 Вкупно 520

ПРОЛЕТ

# Играч Позиција Исклучување Голови
7Бојан Маневцентрален бек00
8Дејан Пецаковскилев бек03
11Виктор Додевскидесно крило00
13Мартин Димовдесно крило17
15Ласко Андоновскицентрален бек02
16Андреј Петковскиголман00
18Иван Џоновлев бек05
19Доне Мајновдесен бек01
21Филип Крстевски-01
23Ѓорѓе Голубовиќдесен бек13
24Јован Фичорскицентрален бек00
33Јане Цветковскиголман00
71Давор Палевскилево крило12
99Жарко Пејовиќцентрален бек20
 Вкупно 524

Officials

Судии:Делегат:
ИЛИЕВСКИ МЕТОДИЈА
ИЛИЕВСКИ МИХАЈЛО
ОГНЕНОВ ИГОР
ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП971124
2МРК КУМАНОВО971123
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2960321
4ВАРДАР НЕГОТИНО960318
5МУЛТИЕСЕНС941414
6ГОЛДЕН АРТ921610
7СКОПЈЕ 202092076