Хрватскиот учесник во Лигата на шампионите, Подравка го смени својот тренер, Невен Хрупец поради лошиот старт во шампионатот на Хрватска. Екипата на Подравка доживеа голем пораз од Локомотива Загреб, 25:17, во рамките од 4. коло од домашното првенство.
Болниот пораз од Локомотива беше причина надзорниот одбор на Подравка да му врачи отказ на Хрупец. Во понатамошниот тек од домашното првенство, но и во Лигата на шампионите, Подравка ќе биде предводена од Антонио Прањиќ, кој ја извршуваше функцијата помошен тренер на екипата.
Веста за промените во стручниот штаб на Подравка беа официјално потврдени преку соопштение и клубот му се заблагодари на Хрупец за досегашната соработка.
Невен Хрупец во Подравка пристигна на почетокот на оваа сезона. Не е исклучена можноста екипата од Копривница да добие нов искусен тренер, со цел подобри резултати на меѓународните натпревари и поправање на резултатите во домашното првенство.