Еден, ама вреден гол – Анте Гаџа се погрижи за хрватска радост на ЕП

Репрезентациите на Исланд и Хрватска одиграа драматичен натпревар во рамките од 3. коло од главната фаза на ЕП, а на победа се радуваше Хрватска, која со голот на Анте Гаџа, забележа триумф од 23:22.

Ракометарите на Хрвоје Хорват добро отворија, поведоа со 1:0 преку Мартиновиќ, но за својот втор гол чекаа цели осум минути. Репрезентацијата на Исланд го имаше голманот, Халгримсон, кој со своите интервенции им даваше ветер во грб на своите колеги.

Исланѓаните ја искористуваа секоја дадена прилика и веќе по десет минути игра имаа плус два, 4:2. Ниту тајм-аутот на Хорват не беше доволен за некоја промена на резултатот. Водството на Исланд започна да се зголемува на сериозна позитива. По дваесетина минути игра, резултатот беше 9:4 за исландскста репрезентација.

Играта на Хрватска во нападот од 20 минута до крајот на првото полувреме главно се базираше 7 на 6. Тоа даде резултат и ракометарите на Хрватска се изборија за минус два на полувреме, 12:10.

Во второто полувреме со погодоците на Мариќ и Мартиновиќ, Хрватска дојде до пресврт, односно до второто водство на натпреварот од 14:13. Сето она што беше сработено во првиот дел од страната на Исланд, во второто полувреме исчезна за само неколку минути игра. Двете репрезентации ги заменија улогите на терен, па така репрезентација на Хрватска редовно доаѓаше во позиција за погодок и успешно започна да ја полни мрежата на Исланѓаните.

Со серија на неколку погодоци, водството на Хрватите на петнаесетина минути до крајот на натпреварот беше плус пет, 20:15. Во последните десет минути се влезе во егал завршница бидејќи Исланд целосно се врати во игра намалувајќи на само минус еден, 20:21, а во 55. минута дојде и до 22:21.

Начиновиќ израмни на 22:22, додека Исланд на триесетина секунди промаши за водство. Во последниот напад на Хрватска, ракометарот на Вардар, Анте Гаџа со својот прв гол и донесе победа на својата репрезентација од 23:22, а за „рибарите“ немаше време и овој пораз ги остава чекор подалеку од полуфиналето на ЕП.

22 - 23
Конечен резултат

Место

МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА АРЕНА БУДИМПЕШТА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ИСЛАНД1222Пораз
ХРВАТСКА1023Победа

ИСЛАНД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Бјоргвин Густавсонголман00
7Виго Кристјансондесен бек00
11Имир Гисласонпивот01
14Омар Магнусондесен бек05
16Виктор Халгримсонголман00
18Елиди Видарсонпивот11
22Сигвалди Бјорн Гудјонсондесно крило05
23Кристјан Кристјансондесен бек00
24Теитур Орн Ејнарсондесен бек00
28Ори Фреј Торкелсонлево крило06
36Елвар Асгеирсонлев бек04
37Магнус Оли Магнусонлев бек00
38Дари Аронсонлев бек10
39Тран Ори Јонсонпивот00
 Вкупно 222

ХРВАТСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Кристијан Пилиповиќголман00
3Марино Мариќпивот02
8Анте Гаџацентрален бек11
10Јаков Гојунлев бек00
12Иван Пешиќголман00
20Матео Марашдесен бек00
21Верон Начиновиќпивот01
27Иван Чупиќдесно крило05
33Лука Циндриќцентрален бек01
41Тин Луцинцентрален бек16
51Иван Мартиновиќдесен бек05
53Марин Шипиќпивот00
56Давор Чаварлево крило00
57Филип Главашдесно крило00
58Звонимир Срналев бек11
62Марин Јелиниќлево крило01
 Вкупно 323