Добија десет исклучувања, два црвени картони, а заминаа со три бода за Битола

Ракометарките на Пелистер продолжуваат со одличните игри и во 4. коло стигнаа до третата победа во Супер женската лига откако славеа на гостувањето кај Шампион со 31:29.

Тимот од Битола имаше предност во текот на целиот натпревар, а во финишот за малку ќе ја испуштеше победата. Пелистер поведе со 3:1 и 7:3, а до крај на првиот дел гостинскиот тим создаде шест гола позитива 16:10.

Во продолжението Шампион постојано се обидуваше да ја намали негативата, а во самиот финиш успеа да намали на 29:30, но немаше сили за целосен пресврт. Ракометарките на Пелистер заработија десет исклучувања на мечот и два црвени картони, но и покрај тоа успеаја да освојат нови бодови.

Најефикасна во тимот на Шампион беше Симона Димитриевска со девет погодоци, а Валентина Радуловиќ и Ангела Петровска погодија по петпати. Пелистер до победата го водеа Марија Јануловска со девет и Моника Босиловска со седум погодоци.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1КУМАНОВО550015
2ЧАИР440012
3ПЕЛИСТЕР 201243019
4ДЕСПИНА53029
5ШАМПИОН52036
6ФЕНИКС АМС51043
7ГЕВГЕЛИЈА51043
8КУЗМАН50050