Ракометарите на Порто ќе го одиграат последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Елверум кој ќе биде прв меч после трагичната смрт на голманот Алфредо Кинтана.
Тренерот Магнус Андерсон очекува тежок натпревар, но верува дека неговите играчи ќе сторат сè за да победат на овој натпревар во чест на својот голман.
„Сите знаеме дека ова беше страшна недела за нас. Тоа беше огромен шок, многу сме тажни за тоа што се случи. Самиот натпревар ќе биде многу тежок, не само затоа што играме против Елверум туку затоа што сите дуели од Лигата на шампионите се тешки. Ќе дадеме сè од себе и се надевам дека ќе можеме да се фокусираме на ракомет. Ќе видиме како ќе реагира тимот, но верувам дека играчите ќе дадат се за клубот и во чест на Алфредо“, рече Андерсон.
Натпреварот се игра во четврток со почеток во 20:45 часот на теренот во Порто но официјално домаќин е екпата на Елверум бидејќи домашните натпревари не можат да ги играат во Норвешка заради строгите протоколи.