Вардар немоќен против Келце и во Полска, претрпе нов пораз

Ракометарите на Вардар претрпеа нов пораз од екипата на на Келце овој пат на гостувањето во Полска со 36:29 „Црвено-црните“ беа подобриот ривал на отворањето на средбата, а потоа сè беше во знакот на противничката екипа.

Вардар тргна добро, но тоа добро темпо траеше седум минути. Тогаш „црвено-црните“ водеа со 5:2, а потоа за две минути ја загубија предноста и Келце се врати во нерешени 5:5.

До 10:10 во 18. минута имаше неизвесност, а потоа петте гола во серија за Келце практично го решија првиот дел од средбата и на одмор домашните замина со 18:12.

Во вториот дел ракометарите на Келце тргнаа подобро и успеаја да го зголемат водството. Сепак, вардарци успеаја да се соземат, па во 42. минуа да намалат на четири гола разлика. Тогаш Келце имаше 24:20, но тука домашните како да почнаа далеку подобро и влегоа многу поефикасно во останатиот дел од средбата.

На девет минути до крај беше 31:23 и тука веќе беше јасно дека на вардарци им останува само да се обидат да дојдат до попристоен пораз. Не одеше ништо од рака, па на крајот поразот беше неминовен. Келце триумфираше со 36:29 и на тој начин се одржа на врвот во Групата А.

36 - 29
Конечен резултат

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
КЕЛЦЕ1836Победа
ВАРДАР 19611229Пораз

КЕЛЦЕ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеуш Корнецкиголман00
2Бранко Вујовиќдесен бек00
5Михал Олејничакцентрален бек02
9Симон Сичколев бек02
10Алекс Душебаевдесен бек07
11Николас Турнапивот05
19Криштоф Лијевскидесен бек11
22Владислав Кулешлев бек02
23Аркадиуш Моритодесен бек10
27Цезар Сургиеллево крило07
32Ангел Фернандез Перезлево крило02
33Андреас Вулфголман00
44Даниел Душебаевцентрален бек21
48Томаш Гебалалев бек04
50Арцем Каралекпивот03
 Вкупно 436

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
3Патрик Валчакпивот01
5Стојанче Стоиловпивот04
8Димитар Димитриоскилево крило00
9Гоце Георгиевскидесно крило00
15Кристијан Дисингерлев бек14
18Ловро Јотиќцентрален бек06
21Глеб Каларашпивот01
24Анте Гаџацентрален бек01
27Иван Чупиќдесно крило04
28Филип Талескилев бек10
31Тимур Дибировлево крило07
41Марко Вујиндесен бек01
44Јосип Векиќдесен бек00
77Робин Кантегрелголман00
97Марко Мишевскилев бек00
 Вкупно 229
ПозЕкипаБ.НПРЛ
1КЕЛЦЕ138611
2ФЛЕНСБУРГ138611
3МЕШКОВ99414
4ПСЖ ХЕНДБОЛ66303
5ПОРТО68224
6ПИК СЕГЕД46204
7ЕЛВЕРУМ48206
8ВАРДАР 196135113

Алушовски: Игравме без енергија, ова е реален резултат!

Душебаев: Среќен сум што го победивме европскиот првак уште еднаш!

Валчак: Имавме добар старт, а потоа се тргна наопаку…

Турна: Победивме силен тим