Тимот на Драчево Јуниор ги започна подготовките за претстојната сезона во прволигашката сезона.
Тренерот Велимир Настески ја имаше првата прозивка со ракометарите кои останаа и за претстојната сезона, но и неколку нови имиња што ќе го носат дресот на Драчево Јуниор.
Амбициозниот прволигаш пред три сезони играше бараж за Супер лигата, а минатата сезона ја заврши ТОП 3.
Во новата сезона Драчево Јуниор ќе биде дел од Првата лига со уште 13 други екипи, а првото коло ќе се игра на 12/13 септември.
Момците на Настески ќе стартуваат со дерби двобој на домашен терен против Вардар Неготино, уште еден кандидат за врвот во Првата лига.

























