Лариса Петровиќ веќе 22 години е дел од редакцијата на Спортски Журнал. Стартот на новинарската кариера најмногу е врзан за ракометните теми, известувања големите натпреварувања, вклучувајќи го и моментот кога Вардар првпат се искачи на европскиот трон во Келн. Престојното СП ќе биде 11 големо натпреварување во машка конкуренција од кое ќе известува Петровиќ. Единствената дама меѓу спортските новинари кои анализираат за 24Ракомет од свој агол пишува за Светското првенство.
Минатата година, ова време во пресрет на Европското Првенство во Унгарија и Словачка ги броевме позитивните од корона. Оваа година пред Полска и Шведска, претежно повредените… А, ги има, за жал…Значи, повторно сме најблиску до можноста светски првак да стане оној кој најмалку ќе страда на тоа поле.
И, короната е секако тука негде, во малиот мозок, се зборува за обавезни три дози вакцина, тестирања во пресрет на СП, па и после секоја фаза…Позади нас е искуството од египетскиот „меур” од пред две години, корона хаосот од минатата, во кој ракометарите како на лента влетуваа или испаѓаа, па беше вистинска уметност и за самите учесници да се снајдат која репрезентација во каков состав ќе се појави на следниот натпревар.
Оваа година се надеваме на помирно сценарио по тоа прашање. Веќе сите имаат одредено искуство како да се однесуваат во такви услови, а и тимовите треба да се концентрираат и на лов на олимписките квалификации.
Значи покрај распределбата на медалите, за кои се ќе се борат Данска, Шведска, Шпанија и Франција (по квалитетот и константноста) и Норвешка, ако ги погледнеме последните две натпреварувања, ќе биде и борба за шест места во квалификациите за ОИ. Шампионот се пласира директно на Олимписките игри во Париз 2024. Франција како домаќин нема да ги има тие грижи, па во таа смисла нема никаков притисок, а останатите кои сакаат да добијат шанса за борба за пласман на најголемиот спортски настан ќе мораат да стигнат до четвртфиналето.
Ќе биде интересно да се види како Унгарија ќе се снајде под таков притисок во конкуренција со потенцијалното изненадување Исланд, Португалија која во последните години постигна добри резултати, и доколку се потцени, опасната Јужна Кореја. Посебно после минатогодишниот неуспех на домашен терен и елиминацијата во првата фаза, иако во Египет беше петта и последните години многу вложи во ракометот. Истото важи и за едниот домаќин Полска, без Шипжак.
Зеленортските острови на Љубомир Обрадовиќ би можеле да се „протнат“ во главната рунда после историската вицешампионска титула во Африка. Црна Гора доколку биде на нивото од минатогодишните настапи, желба и борбеност, може да биде блиску до четвртфиналето. Хрватска,без оглед на повредите на некои важни ракометари како Мандиќ, Јагањац, Мамиќ, би требало заедно со Египет и Тунис да се избори за место меѓу најдобрите осум. Се освен тоа нема ќе биде неуспех за селекторот Хорват.
Македонија против Норвешка, Аргентина и Холандија, посакува да помине ви следниот круг.
Таа група е интересна за Србија бидејќи вкрстува со неа, и надежите се дека доколку нема кадровски проблеми како минатиот јануари во Сегед би можела да размислува и за четвртфинале, во првата фаза игра против победливите Германија, Катар и Алжир. Србија и Македонија се слични кога се во прашање очекувањата. Најчесто се поголеми од моменталните и реални можности, со таа разлика што во Македонија владее многу поголема еуфорија за ракомет, што е оправдано и заради успесите на Вардар.
Репрезентацијата е во фаза на создавање, што е долготраен процес и бара трпение и доверба на секое поле, од федерацијата до секогаш страствените навивачи кои бараат резултат, подвизи и победи.
Кире Лазаров го превзема на себе товарот за градењето на новиот тим, оттука за почеток и скромните очекувања, но како цел е поставено поминувањето на групата. Со сето богато играчко и репрезентативно искуство Кире вели дека има стратегија како да се истрае на тој пат, на тоа ќе ги додадеме и делот млади и талентирани ракометари со скромно искуство, кои треба да ги вклопи во екипата, заедно со искусните Манасков, Митревски, Георгиевски, Пешевски или Марковски, па и Талевски. Сосема извесно е дека после 22. место на минатогодишното СП, сега посакуваат да одат скалило погоре. Местото во следната рунда ќе го бараат против Холандија и Аргентина. Норвешка е фаворит во групата.
А тоа ќе биде тешка борба и вистинско искушение. Холанѓаните блеснаа на Европското првенство, на крајот беа 10. и се репрезентација со неколку одлични поединци, заедно со легендарниот Швеѓанец Штефан Олсон на клупата, и квалитетни поединци као Стеинс и Смитс. Аргентинците 11. во Египет, на минататото првенство, веќе имаат шестгодишен план за напредок и развој на ракометот и секако имаат големи амбиции во Полска и Шведска, и плус се на крилата на еуфоријата создадена од фудбалската репрезентација која триумфално се врати од Мундијалот од Катар.
Пласман за Македонија во другиот круг ќе биде вредно остварување. Новиот тим кој симболично пред заминувањето на Светското првенство на терен ги испрати во пензија оние кои оставија најдлабок репрезентативен траг во последната деценија и пол, нема што да изгуби – само храбро и се надевам, се гледаме во главната рунда!