Аеродром ги собра бодовите од Гостивар

Тимот на Аеродром славеше на гостувањето кај составот на Јехона во Гостивар со 21-28 во наптревар од 12 коло во прволигашкиот плеј-оф.

Аеродромци немаа проблеми против Јехона и во ниту еден момент од натпреварот не стравуваа за нивното солидно водство. Во првата половина од првиот дел, Аеродром имаше предност од 2:5 и успеа своето водство да го сочува до крајот на првото полувреме. По 30. минути игра, Јехона имаше негатива од два разлика, 12:14.

Во вториот дел, Аеродром преку Ефтимов се одржуваше во игра и не дозволи домаќинот да направи пресврт. На петнаесетина минути до крајот, Јехона успеа да намали на минус еден, но немаше сили за комплетен камбек, па Аеродром рутински го приведе мечот до крај.

Најдобри стрелци кај Аеродром беа Ефтимов со девет и Михајлов со осум погодоци, додека кај Јехона, Илиески и Салиу погодија по шест пати.