Официјалниот сајт на бундеслигашот Хамбург објави за новиот потпишан договор со плејмејкерот Доминик Аксман. Договорот со 23-годишниот среден бек е потпишан до 2025 година.
Данскиот тим Никобинг објави дека ќе се раздели од холандската репрезентативка Никита Ван Дер Влит, која оди во Оденсе, а во Никобинг доаѓа Норвежанката Каролин Јакобсен, која потпиша договор на две сезони.
Официјалниот сајт на бундеслигашот Магдебург објави дека на лето ќе се раздели со голманот Мајк Јенсен. Тој дојде во Магдебург во 2021 година од Балинген, а сега на негово место доаѓа Сергеј Ернандес.
Францускиот Сесон Рен објави дека двајца ракометари ги продолжиле договорот со клубот до 2025 година. Станува збор за средниот бек Лудвиг Аполинер и левото крило Жуниор Тузолана.
Шведската репрезентативка Јесика Риде заминува од данскиот Икаст на крајот на оваа сезона и ќе се пресели во францускиот Нант. Таа потпиша договор со тимот предводен од Хеле Томсен до 2026 година.
Амбициозната романска екипа Глорија Бистрица продолжува да биде активен на трансфер пазарот. Најново име на листата засилувања е полскиот десен бек Наталија Носек, која доаѓа од францускиот Безансон.
Белорускиот првак Мешков Брест објави дека до крајот на оваа сезона е потпишан договор со 25-годишниот кинески лев бек Чан Цијанзе, кој свовремено беше дел од сехалигашот Пекинг Универзитет и рускиот тим Таганрог.