„Сапуница Хорват“: Сестрата на хрватскиот селектор со брутални навреди кон легендарен ракометар! (ФОТО)

Помина уште едно големо ракометно натпреварување, а хрватската репрезентација повторно заврши на место кои ни оддалеку не ги задоволува апетитите на ракометната публика во оваа земја.

Пласманот на местото број 9 повторно ја разбранува ракометната јавност во Хрватска која не може да се навикне на новата  реалност која веќе второ големо натпреварување по ред ја сервира нивниот ракометен национален тим.

Прв на тапет секако е селекторот Хрвоје Хорват кој и пред назначувањето на позицијата селектор немаше некоја голема доверба во јавноста. Чашата се „прели“ по почетниот дебакл и поразот од Египет, по кој веднаш почнаа обвинувањата кон Хорват. Максималниот учинок до крајот на Мундијалот не ги залечи раните, па голем дел од ракометната стручна јавност почна да ја критикува работата на Хорват. Капак на се беше безобразниот потег на селекторот кој по завршувањето на дуелот со Бахреин со мимики и гестикулации одговараше на прашањата на новинарката на РТЛ, Инес Года. На сето ова свој остар коментар имаше легендата на хрватскиот ракомет Божидар Јовиќ:

Срам да му биде и нему и на оние кои поставиле таков човек на таа функција. Ова беше безобразно непочитување на спортски новинар, јавноста и ракометот.-изјави Јовиќ.

Но сагата не завршува тука. Имено Хорват и после неуспехот на претходното големо натпреварување беше цел на многу критики од јавноста, посебно на уште една ракометна легенда, Петар Метличиќ. И кога ќе дојде времето на критика за Хорват, на сцената стапува неговата сестра Јасенка Спаркс која влегува во вербална војна со секој кој ја критикува работата на нејзиниот брат. Така беше со Петар Метличиќ минатата година, а на ист начин му возврати и на Јовиќ , каде на социјалните мрежи напиша.

Божидар Јовиќ=Човечка мизерија

Каква ШТЕТА е што мојот покоен сопруг (Исток Пуц, хрватска ракометна легенда, н.з.) и помогна на тој човечки срам да излезе од Босна, па уште и го гоштевавме во нашиот дом. Тоа што е жив денеска може да му биде благодарен на мојот покоен сопруг кој го возеше од Босна и Херцеговина во Хрватска за време на војната. Толку е способен што не знае граница да помине, а денес си мисли дека неговото мислење е важно. Убаво е да се спаси живот, но секое гомно не е вредно за таков ризик. Јовиќ е едно од нив.

После секое големо натпреварување се продолжува сапуницата „Хорватови“. Дали ќе имаме и трет чин, или селекторот ќе биде разрешен од функцијата останува да видиме.