Поширок список на Лазаров – 35 ракометари во конкуренција за настап во квалификациите за ЕП

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список со 35 ракометари за претстојните натпревари во рамки на квалификациите за ЕП.

Македонија ќе ја започне ерата без Лазаров, Миркуловски и Стоилов, а единствени новитети на поширокиот список по подолго време се десното крило Никола Костески од Плзен, како и двоецот од Ваљадолид – Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски.

Селекцијата на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на ЕП кое ќе се одржи во период од 10 до 28 Јануари 2024 година во Германија.

Во рамки на ЕХФ неделата, сениорите ќе одиграат два натпревари во квалификациската група. Првиот натпревар е во Скопје против селекцијата на Луксембург на 12 октомври, а потоа против селекцијата на Турција во Ван на 16 октомври.