Познати групите во Женска лига: Ѓорче Петров со Металург, Куманово со Вардар, Чаир, Скопје…

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите за новата сезона во Женската лига.

За новата сезона се пријавија 16 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи и до крајот на годинава ќе одиграат по 14 кола.

Потоа екипите се делат на плеј-оф и плеј-аут напролет, кога ќе се играат по дополнителни осум кола со екипите од другата група.

Шампионот Ѓорче Петров се најде во групата Б, заедно со Металург, Стружанка…додека во вицепрвакот Куманово ќе игра во групата А заедно со Вардар, Чаир, како и новиот тим Скопје.

Првото коло од Женската лига ќе се игра на 10/11 септември.

Женска лига, сезона 2022/23:

Група А: Куманово, Вардар, Чаир, Пелистер, Шампион, Гевгелија, Спартак, Скопје
Група Б: Ѓорче Петров, Металург, Стружанка, Деспина, Овче Поле СУ, Астибо, Феникс, Кузман Вардар