Нов Македонец на Малта: Дарко Димковски потпиша за Ла Сале

Се зголемува македонската колонија на Малта, откако уште еден интернационалец потпиша за тимот на Ла Сале.

Станува збор за средниот бек Дарко Димковски, кој во Македонија настапуваше за Куманово и Вардар Јуниор.

Покрај Димковски, во Ла Сале е Перо Арсоски, кој покрај тоа што настапува за машкиот тим, ја води женската екипа на Ла Сале.

Таму игра кружниот напаѓач Бети Петковска, додека во составот на Феникс игра некогашната репрезентативка Драгица Митрова.