Митков дели лекции во Австрија

Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков, кој сега има двојна улога играч и тренер во австрискиот Холабрун, игра во одлична форма.

Неговиот Холабрун стигна до втората победа во третиот натпревар во Втората лига, откако славеше дома со 26-24 против Ацгерсдорф.

Митков постигна дури 11 гола, од кои два беа од пенал, а тоа беа скоро половина од погодоците на неговиот тим.

41-годишниот десен бек по три одиграни натпревари, има 31 погодок или во просек по десет на натпревар.