Крстевски и Фочани со успешна генералка пред Европа

Тимот на Фочани, каде што игра македонскиот репрезентативец Горан Крстевски, забележа победа во 11 коло од романскиот шампионат.

Фочани славеше на незгодното гостување кај составот на Сучеава со минимални 25-26, иако на полувремето имаа негатива од два гола, 12-10.

Kрстевски беше втор стрелец во Фочани и постигна пет погодоци од шест обиди кон противничкиот гол.

Со новите бодови Фочани има вкупо 22, што е доволно за шесто место на табелата, но само шест помалку од третопласираната Констанца.

Ова беше успешен тест за Крстевски и неговиот тим пред настапот во Европскиот Куп и дуелите од третото коло против исландскиот Хаукар.