Кинтана се наоѓа во вештачка кома!

Португалскиот репрезентативен голман Алфредо Кинтана се наоѓа во вештачка кома по срцевиот удар што го имал на утринскиот тренинг.

Лекарскиот тим на Порто му ја стабилизирал состојбата во прв момент, но борбата на голманот ниту оддалеку не е завршена.

Португалскиот „О Жого“ пишува дека според лекарите, најдобриот начин да се стабилизира организмот е голманот да биде во вештачка кома.

Дополнителен проблем создава и тоа што покрај срцевиот удар, лекарите утврдиле дека има и едем на мозокот на Кинтана, што создава ризик плус за здравјето на соиграчот на Никола Митревски во Порто.

Европската ракометна федерација веќе го одложи дуелот меѓу Порто и Мешков Брест, а нема да биде изненадување ако истото се случи и со натпреварот меѓу Порто и Елверум.

Натпреварот меѓу Мешков Брест и Порто е одложен, сите му даваат поддршка на Кинтана

Шок за Митревски и соиграчите – голманот Кинтана доживеал срцев удар на тренинг!