Натпреварот меѓу Мешков Брест и Порто е одложен, сите му даваат поддршка на Кинтана

Голманот на Порто, Алфредо Кинтана претрпе срцев удар на тренингот кој беше одржан денеска, па пред заминувањето за Белорусија екипата се најде во голем шок, а поради овој настан дојде до одлагање на средбата од Лигата на шампионите.

Натпреварот меѓу Мешков Брест и Порто нема да биде одигра в среда како што беше закажано така што овој дуел или ќе добие нов термин или нема да се игра.

На Кинтана му се слоши за време на денешниот тренинг и веднаш бил пренесен во болница во порто. Колегата на Никола Митревски е во лоша ситуација, а во моментов никој во клубот не е подготвен за заминување на натпревар. Оттаму ЕХФ реагираше и го одложи дуелот така што ривалите на Вардар најверојатно нема да го одиграат овој натпревар.

Кинтана во моментов е на интензивна нега и е во тешка состојба, но докторите се оптимисти дека ќе успее да ја добие оваа битка.

Шок за Митревски и соиграчите – голманот Кинтана доживеал срцев удар на тренинг!