Шок за Митревски и соиграчите – голманот Кинтана доживеал срцев удар на тренинг!

Вистинска драма се случувало на денешниот тренинг на португалскиот шампион Порто, каде што настапува македонскиот репрезентативец Никола Митревски.

Неговиот колега на голманската позиција, Алфередо Кинтана, за време на тренингот доживеал срцев удар. Веднаш имаше реакција од клубот и Кубанецот со португалски пасош беше пренесен во болница.

Од клубот ја информираа јавноста дека голманот е веднаш хоспитализиран и дека од минута во минута ќе ја следат состојбата на искусниот чувар на мрежата.

Иако е роден во Куба, Кинтана е дел од репрезентацијата на Португалија. Во Порто се чувствува како дома бидејќи 11 години е дел од шампионот на Португалија. Заедно со Никола Митревски, ја дели минутажата на голот.