И Ѓоргиев остана верен на Радовиш

После неколкуте продолжувања на договорите на ракометарите на Радовиш на овој список се најде и десното крило на тимот, Спасе Ѓоргиев кој останува во екипата.

Ѓоргиев продолжува со тимот на Радовиш и во следната сезона така што тој е уште еден од играчите кои играа и во последната сезона кои одлучија да останат во клубот.

Сезонава ги одигра сите натпревари за тимот на Радовиш, а беше стрелец на вкупно 30 гола.

Тој има 35 години и е еден од поискусните во екипата на Радовиш. Инаку, досега договорите ги продолжија Органџиев, Постолов и Ристов.