Еурофарм Пелистер добива поддршка: Томовски и Пешевски ќе навиваат за битолчани во Манхајм (ФОТО)

Екипата на Еурофарм Пелистер утре од 20:45 часот во Манхајм ќе одигра натпревар против составот на Рајн Некар.

Битолчани се веќе во Германија, а тие ќе имаат и поддршка од трибините од македонските репрезентативци кои настапуваат во оваа земја.

Мартин Томовски и Жарко Пешевски ги посетија играчите на Еурофарм Пелистер така што е јасно дека ќе им дадат поддршка утревечер.

Инаку, на фотографијата покрај Томовски и Пешевски се наоѓаат и Марио Танкоски и Мартин Велковски, како и физиотерапевтот Никола Апостоловски.

Петмината во еден период беа заедно дел од тимот на Металург така што пријателството продолжува и секоја можност е добра за дружење.