Европскиот првак ќе штеди – нема пари за скапи засилувања!

Еден од најголемите спортски колективи во светот, Барселона реши да ги намали буџетите во речиси сите секции поради економската криза.

Намалувањата на буџетите се однесуваат на екипите од ракометот, кошарката, футсалот и хокејот.

Според шпанските медиуми, каталонскиот гигант веќе неколку месеци работи на намалување на буџетот на секциите за 15 милиони евра во следните три години.

Кога е во прашање ракометот и новите трансфери за следната натпреварувачка сезона, од Барселона ја отфрлија можноста за да се засилат со кружниот напаѓач Артем Каралек како замена за Лудовик Фабрегас.

За потсетување, Фабрегас на лето ќе го напушти актуелниот европски шампион и ќе се пресели во редовите на Веспрем.

Барселона ќе ја напушти и екс ракометарот на Вардар, Лука Циндриќ, како и репрезентативецот на Португалија, Луис Фраде.