„Да можевме, ќе го ангажиравме Обрван за селектор многу порано“

Идниот претседател на Ракометниот сојуз на БиХ и моментално претседател на ракометниот сојуз на Република Српска, Маринко Умичевиќ истакна неколку проблеми со кои се соочува ракометниот сојуз на БиХ.

Умичевиќ изјави дека треба да се преговара со Ивица Обрван за нов договор. Поранешниот селектор на Македонија ја презеде репрезентацијата на БиХ кон средината на јануари и потпиша договор на три месеци.

„Сега ни претстои голема работа, затоа што прво мора да ја продолжиме соработката со Ивица Обрван, кој, ја презеде репрезентацијата на три месеци, да можеше и порано ќе го ангажиравме. После тоа, ќе мора да се потрудиме да им ги обезбедиме сите услови на нашите ракометари за да бидат целосно подготвени за настап на Европското првенство. Конечно, очекувам помош од државата БиХ, од која не сме добиле ни една марка во последните пет години”, заврши Умичевиќ.

Репрезентацијата на БиХ избори пласман на Европското првенство 2022 во Унгарија и Словачка, па најверојатно се очекува Обрван да остане на босанската клупа.