Во Женската лига ќе играат 13 екипи, познат распоредот за новата сезона

Во новата сезона од Женската лига ќе играат 13 екипи, а системот на натпреварување останува истиот без играње на плеј-оф и плеј-аут.

Нова екипа во однос на минатата сезона е тимот на Шампион, кој ќе биде предводен од легендата Валентина Радуловиќ, а нема да игра тимот на Алушовски.

Стартот е предвиден за третиот викенд од септември, односно 19 или 20 септември, а во есенскиот дел ќе бидат одиграни 13 кола.

Системот на натпреварување во Женската Лига ќе биде еднокружен бод систем дома-гости, вкупно 26 кола. По завршувањето на 26-то коло се добива конечниот пласман на екипите за сезона 2020/2021 година.