ЅВЕЗДА НА 6. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – СТЕФАНИ РИСТИЌ (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Членката на Металург Автокоманда, Стефани Ристиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 6. коло во единственото женско сениорско натпреварување.

Младата ракометарка беше најрасположена  на дуелот со Овче Поле СУ, запиша седум погодоци и подели неколку асистенции кон своите колешки.

Ристиќ немаше конкуренција на гласањето, доби околу 80% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Михаела Ангеловска од Чаир со 19%.

Во конкуренција за ѕвезда на 7. коло беше и членката на Ѓорче Петров, Санкон Кадиату.