Членката на Металург Автокоманда, Таида Беровиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 16. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.
Младата ракометарка одигра одлично на мечот против Астибо и успеа осум пати да ја погоди мрежата на штипјанки.
Беровиќ на гласањето доби околу 53% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Марија Петреска од Куманово со 45%.
Во конкуренција за ѕвезда на 16. коло од плеј-офот беше и членката на Ѓорче Петров, Петра Јершек.