Членката на Металург Автокоманда, Бојана Коцева, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 12. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.
Коцева имаше одлична партија против својот поранешен клуб, Вардар, и натпреварот го заврши со седум реализации.
Средниот нек на гласањето доби околу 73% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Теодора Дукоска од Чаир со 27%.
Во конкуренција за ѕвезда на 12. коло од плеј-офот беше и Ана Марија Коларовска од Ѓорче Петров.