Женската сениорска репрезентација на Македонија на крајот на годинава ќе настапи на Европското првенство, второ во низа, или прво на кое имаме изборено учество по пауза од 12 години.
Македонија е дел од групата А во Дебрецин заедно со Унгарија, Шведска и Турција. Според левиот бек, Ангела Јанкуловска, селекцијата има голем предизвик пред себе, во кој ќе се обиде да изненади.
„Добивме релативно тешка група – Унгарија, Турција и Шведска. Промената на селекторот донесе промена и на системот, и на енергијата во репрезентацијата. Меѓу девојките има убава хемија. Играњето за националниот тим е чест и гордост, но и задоволство затоа што доаѓаме во убава средина, со добра енергија и мислам дека резултатите се најдобар показател за тоа како функционира репрезентацијата во моментов. Потребни ни се добри подготовки за ЕП, кои не се сомневам дека ќе ги имаме, и со атмосферата која постои зошто да не изненадиме на ЕП!?“ – прашува Ангела.
Целосното интервју со сестрите Јанкуловски може да го прочитате во продолжение…
ИНТЕРВЈУ АНГЕЛА И МАРИЈА ЈАНКУЛОВСКИ: Потекнуваме од Битола, ракометот ни е во душата!