Зорман: Фаворити сме за првото место, но Македонците не смеат да се отпишат

Репрезентацијата на Словенија ќе биде еден од ривалите на Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

Освен со Македонија, избраниците на Урош Зорман ќе играат и против двете балтички земји – Летонија и Естонија.

Селекторот на Словенија, Урош Зорман, истакна дека неговата репрезентација е главен фаворит во квалификациската група еден.

,,За време на ждрепката избегнавме некои репрезентации од вториот шешир, кои дефинитивно се поквалитетни од Македонија. Но, тоа не значи дека ги отпишуваме Македонците. Фаворити сме во групата, но оваа улога ќе треба да ја оправдуваме на секој натпревар на теренот”, изјави Зорман.

Словенија двата натпревари против Македонија ќе ги одигра во мецец март, 2025 година.

Познат возниот ред: Старт со Естонија дома, двомечот со Словенија во 2025

Maкедонија ќе брка ЕП преку Балтикот и Словенија!