Екипата на Михаловце, во која настапува репрезентативката на Македонија, Драгана Петковска, остана без финале во Европскиот Куп.
Михаловце во полуфиналето го имаше ривалот Валур од Исланд. На првиот натпревар триумфираше со 25:23, но на реваншот доживеа висок пораз.
Валур одигра одлично на реванш дуелот и убедливо победи со плус десет (30:20), па така претставникот од Исланд заслужено ќе се бори за трофејот.
Ривал на Валур ќе биде шпанскиот Порињо, кој двапати беше подобар од Кинжварт.
Во Лигата на Европа во женска конкуренција комплетирани се сите натпревари од реванш дуелите од четвртфиналето, па на Ф4 патуваат германските Турингер, Бломберг, францускиот Дижон и данскиот Икаст.
Партизан на Бојан Маџовски ќе чека одлука од ЕХФ, но најверојатно српскиот тим ќе биде казнет. Како што е познато, Партизан денеска требаше да го одигра реванш дуелот против АЕК Атика од полуфиналето во Европскиот Куп, но натпреварот не се одигра поради инцидентот кој го направија навивачите на домаќините.
Лига на шампиони, жени, осминафинале:
Подравка – Брест Бретањ 27-26, 27-35
Рапид Букурешт – ЧСМ Букурешт 24-34, 22-28
Лудвигсбург – Крим 31-21, 23-26
Сторхамар – Оденсе 20-33, 21-25
Лига на Европа, жени, четвртфинале:
Турингер – Валчеа 35-29, 30-32
Икаст – Дунареа Браила 32-30, 29-30
Дижон – Бенсхајм 31-27, 28-26
Бера Бера – Бломберг 25-28, 22-19 (4-5 пен.)
Европски Куп, жени, полуфинале:
Јувента Михаловце – Валур 25-23, 20-30
Порињо – Кинжварт 31-28, 30-27
Европски Куп, мажи, четвртфинале:
Хаукар – Извиѓач 30-27, 26-33
АЕК Атина – Партизан 27-22, одл.
Олимпијакос – Рунар Сандефјорд 37-31, 23-33
Баја Маре – Алкалоид 31-31, 25-32
Лига на Европа, мажи, осминафинале:
Криенс Луцерн – Лимож 36-29
Гумерсбах – Мелсунген 29-26
Бенфика – ГОГ Гудме 33-31
Порто – Тулуз 35-28
Лига на шампиони, мажи, осминафинале:
Динамо Букурешт – Магдебург 26-30
Келце – Фуксе Берлин 27-33
ПИК Сегед – ПСЖ 30-31
Висла Плоцк – Нант 28-25