ЗАОКРУЖЕТЕ ГИ ДАТУМИТЕ: Еве кога игра Македонија на Мундијалот во Германија!

Машката репрезентација на Македонија ги дозна ривалите на Светското првенство во Германија наредната година.

Нашите ракометари ќе играат во група Х во „Гетек Арена“ во Магдебург, против селекциите на Бахреин, Јапонија и Исланд.

Според првичниот распоред, Македонија ќе стартува со дуел против Јапонија на 15 јануари, а два дена подоцна е дуелот со азискиот првак Бахреин.

Групната фаза ќе ја затвори со пресметка против традиционалниот ривал Исланд на 19 јануари. Првите три селекции ќе продолжат во главната рунда во Хановер, заедно со најдобрите од групата Г каде што се Данска, Словенија, САД и Ангола.

Македонија доби тешка група на СП!