Залудно гол шоу на Банцалиски, Партизан падна во Свети Николе

Тимот на Партизан Гевгелија не успеа да ги освои посакуваните бодови на гостувањето во Свети Никола кај Овче Поле и загуби со четири гола разлика, 39:35.

Иако гостите од Гевгелија го имаа расположениот Банцалиски, кој беше незапирлив на теренот, сепак, неговото шутерско издание не беше доволно за поволен резултат.

Партизан Гевгелија се држеше речиси до финишот од првиот дел, но на пауза замина со негатива од 20:16.

Домашниот тим во вториот дел целосно ги надигра гостите и ја запиша втората сезонска победа во новата натпреварувачка сезона.

Најефикасен на натпреварот беше Ѓорѓе Банцалиски со дури 15 погодоци, сите од игра, додека во победничката екипа прв стрелец беше Стојанче Ристов со осум погодоци.