Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе биде активна пред почетокот на Европското првенство 2024.
Николов и Начевски ќе ја делат правдата на силниот турнир во францускиот град Нант.
Учесници на овој турнир, покрај домаќинот, кој е еден од ривалите на Македонија на континенталниот собир и олимписки првак, ќе бидат уште репрезентациите на Тунис, Бразил и Бахреин.
Најпрво, на 4 јануари Николов и Начевски ќе го судат натпреварот меѓу Франција и Тунис, а потоа на 6 јануари ќе го судат и дуелот меѓу Французите и Бразил.
На натпреварите меѓу Франција и Тунис, односно Франција и Бразил, се очекува посетеност од околу 20.000 навивачи.