Левиот бек Звонимир Срна од наредното лето ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.
26-годишниот хрватски репрезентативец потпиша договор на три сезони со францускиот Монпелје и ќе остане таму најмалку до 2028 година.
Tој потекнува од тимот на Дубровник, а се пресели во Загреб во 2020 година. Мина една сезона на позајмица во Горица и потоа се врати во престолнината.
Со Загреб освои три двојни круни во последните три сезони, a најчесто е прв избор и во хрватската репрезентација на левата бековска позиција.