Судбината на суспендираниот ракометар Милош Кос се уште е неизвесна. Шансите да се врати во тимот на Загреб се минимални, а за да си замине од клубот потребна е голема сума пари.
Најтрофејниот клуб од Хрватска има неколку сценарија околу српскиот репрезентативец. Прввото е да му ги дадат документите, да му го раскинат договорот и да го остават да си замине од клубот како слободен играч.
Според пишувањата на хрватскиот портал „ Германијак “, голема заинтересиранот за Кос покажале од Војводина и Партизан. Клубот од Нови Сад има план да го добие Кос, а Милан Јовановиќ да биде негова замена во Загреб.
Сепак, тоа не многу реално, бидејќи Кос во договорот има клаузула од 200.000 евра, а Загреб има опција да го казни финансиски како работодавец. Ова значи дека клубот може да го остави без плата и да ги задржи документите додека не му заврши договорот.
Како што е познато, младиот Кош беше суспендиран откако физички го нападна голманот Матеј Мандиќ по одиграниот натпревар против Нант во рамки од Лигата на шампионите. На голманот му беше скршена јаболчната коска на лицето, па поради тоа беше неопходно да се направи операција.
Мандиќ излезе од болница, полицијата сѐ уште го истражува случајот со Кос!