„Задоцнив на тренинг и платив 200 евра казна“

Репрезентативецот на Белорусија, Владислав Кулеш, минатата сезона направи трансфер во најквалитетната лига на светот.

Белорусинот од Келце се пресели во Хановер, иако имаше солидна минутажа во полскиот гигант.

Левиот бек во интервју за порталот „Брз Центар“ зборуваше за неговиот претстој во Хановер, но и за казните кои ги применува клубот.

,, Доколку доцните една минута на појадок, ручек или вечера, исто така ќе бидете казнети. Доцнење на состанок не се толерира, дури и носење погрешна маица се казнува, но и заборавање на истиот шампон. Најголемата казна ми беше 200 евра. Возев за на тренинг и се заглавив во сообраќаен метеж, имаше несреќа на патот. Задоцнив околу 18 минути и мораше да платам казна”, изјави Кулеш.

27-годишниот ракометар во својата кариера беше дел и од белорускиот суперлигаш СКА Минск.