За време на славјето во Загреб, екс пелистерец доби понуда за брак!

Машката репрезентација на Хрватска по долго време успеа да освои одличје на Мундијалите, а среброто од СП 2025 беше прославено на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб.

Околу 35.000 навивачи ги пречекаа ракометарите и им го честитаа сребрениот медал, а меѓу нив беа и две воспитувачки од градинка. Тие упатија понуда за брак кон некогашниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш, кој одигра одлично на СП.

Тие носеа транспарент и му порачаа на Мараш да ја избере која сака.

„Зошто Мараш? Затоа што е прекрасен. Тој ни е заедничка љубов на двете. Мараше, те сакаме, ти си слободен, земи ја која сакаш“, му порачаа Ненси Шчепановиќ и Валентина Мирт на десниот бек преку „24Сата“.

Мараш и претходно беше дел од националниот тим, но сега добиваше поголема доверба од селекторот Дагур Сигурдсон и ја оправда на најдобар можен начин.