ФОТО: РК Спортинг

За пиротехника на натпревар – казна од 15.000 евра!

Ракометниот Суд на ЕХФ го казни португалскиот шампион Спортинг поради однесувањето на навивачите во Лисабон.

На два натпревари од Лигата на шампионите, на кои Спортинг беше домаќин, фановите користеле пиротехника.

Судот на ЕХФ смета дека тие материјали може да имаат сериозни последици на здравјето на присутните во салата, па затоа одреди висока казна.

Таа изнесува 15.000 евра, а покрај тоа Спортинг е обрзан на следните домашни натпревари во елитната конкуренција да не дозволи ваков случај.

Португалскиот првак се пласира директно во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а таму го чека победникот од дуелот меѓу Нант и Висла Плоцк.