Вулф „збесна“ на голот, Колстад ја заврши европската авантура кај Келце

Норвешкиот шампион Колстад првата евро-сезона ја завршува по групната фаза во Лигата на шампионите, откако загуби на гости кај Келце со 31-23.

Иако Колстад мораше да слави во Полска за да остане во игра за место во осминафиналето, сепак Келце предводен од голманот Андреас Вулф со 15 одбрани славеше убедливо. На ова се надоврза и триумфот на Загреб над ПСЖ, па за Колстад ќе остане уште средбата со Еурофарм Пелистер.

Колстад водеше во неколку наврати само во првите десетина минути, а потоа се беше во знакот на избраниците на Талант Душебаев, кој на овој дуел не можеше да смета на Сичко, Гебала, Турна…

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Алекс Душебаев со осум и Дилан Наи со шест гола, додека кај Колстад се истакна Лисе со шест погодоци.

Колстад остана на седмото место во групата со девет бода, но нема шанси да го престигне Загреб кој е осми со 12 бодови.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140