ФОТО:

Војводина ќе игра во следната рунда од ЛЕ, Валур го намачи ослабениот Мелсунген

Екипата на Војводина со убедливата победа против Торелавега од 33:26 обезбеди ТОП 16, односно пласман во следната фаза во Лигата на Европа

Војводина во победата беше предводена од Вукашин Воркапиќ, кој даде 11 гола, а на голот Андреј Трнавац имаше десет успешни интервенции.

Од групата Е, освен Војводина, во следната фаза продолжува бундеслигашот Кил, додека за утешното трето место во групата ќе се борат Нексе и Торелавега.

Како што е познато, македонскиот вицепрвак Вардар на гостувањето во Португалија кај Порто беше поразен со 37:24.

Во групата Ф, во која се наоѓа Вардар, интересен натпревар одиграа Валур и Мелсунген, кој на денешниот натпревар беше значително ослабен.

Составот на Роберто Гарсија Парондо успеа да ја продолжи победничката серија, триумфирајќи со 33:28 против исландскиот тим.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 4. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:
БЕНФИКА – ПРЕШОВ 36-23
СИЛКЕБОРГ – ГРАНОЉЕРС 35-32
ХОБРИ – ИШТАД 27-38
КАДЕТЕН – ЛИМОЖ 29-39
ЛУЦЕРН – ГОРЕЊЕ 30-25
САВЕХОФ – ФХ 30-26
СЕСВЕТЕ – КАРВИНА 38-23
ТАТАБАЊА – ФЛЕНСБУРГ 29-39
ТУЛУЗ – ГУМЕРЗБАХ 31-30
АДЕМАР – ГОГ21-27
20:45 БИДАСОА – КОНСТАНЦА 37-25
20:45 КИЛ – НЕКСЕ 31-28
20:45 МОНПЕЛЈЕ – ЗАБЖЕ 30-25
20:45 ПОРТО – ВАРДАР 37-24
20:45 ТОРЕЛАВЕГА – ВОЈВОДИНА 26-33
20:45 ВАЛУР – МЕЛСУНГЕН 28-33