Во Велес паднаа 80 гола, Кичево со убедлив триумф над Борец

Тимот на Кичево славеше на гостувањето кај Борец во Велес со убедливи 52-28 во натпревар од небитниот прволигашки плеј-аут.

Не е чудно на натпреварите на Борец да паѓаат многу голови, па така беше и овојпат кога беа постигнати дури 80.

Кичево уште на стартот ја обезбеди победата кога поведе со 7-1, па 10-2, а до паузата разликата беше 13 гола, 26-13.

Второто полувреме беше само формалност, се играше без одбрани на двете страни и се чекаше само крајот на натпреварот.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Стефан Стефаноски со 17 и Дарко Јаневски со девет гола, а кај Борец осум гола даде Душан Крстевски.