Женската репрезентација на Македонија ќе игра против домаќинот Унгарија, Шведска и дебитантот Турција на Европското првенство кон крајот на годинава.
Организаторот веќе ги пушти во продажба билетите за натпреварите од групната и главната рунда.
Македонија ќе игра во „Феникс Арена“ во Дебрецин, а доколку обезбеди место во главната рунда исто така продолжува во овој унгарски град.
Засега во продажба се само групни билети за сите три дена – 28 и 30 ноември, како и 2 декември. Во зависност од местата на седење во салата, најефтините билети се околу 50 евра (три дена, шест натпревари), а има и од 60, 75 и 90 евра.
Дополнително ќе бидат пуштени во продажба и дневните билети, a може да ги купите ТУКА.
Македонија ќе игра во Дебрецин – еве кои се ривалите на ЕП 2024!