Во јуни ја освои титулата во ЛШ, од септември ќе игра за второлигаш

Шпанскиот второлигаш Анаитасуна продолжува да го засилува составот со искусни имиња, а најново засилување е доскорешниот ракометар на Барселона, Антонио Базан.

Искусниот пикер повторно се враќа во клубот за кој настапуваше во минатото, а неговата задача ќе биде да ѝ помогне на Анаитасуна да избори експресно враќање во елитната Асобал лига.

Во дресот на Барселона, Базан двапати ја освои шампионската титула во Шпанија, триумфираше во Лигата на шампионите, како и на Светското клупско првенство. Во Асобал лигата има импресивен учинок од  329 натпревари и 532 погодоци.

Покрај Базан, Анаитасуна ангажираше уште едно звучно име. Кариерата во клубот ќе ја продолжи и 38-годишниот Едуардо Гурбиндо, европски шампион со репрезентацијата на Шпанија од 2018 година.

Со ангажманот на двајцата искусни ракометари, Анаитасуна јасно покажува дека главна цел во новата сезона ќе биде враќање во шпанската ракометна елита.