Во 2017 со Вардар се искачи на европскиот трон, сега замина во пензија!

Откако не успеа да настапи на ОИ во Франција поради повреда, средниот бек Жоан Кањелас, реши да го одигра последниот натпревар и официјално да замине во пензија.

Тоа беше натпревар меѓу тимовите на Палаутордера и Гранољерс, првите два во неговата богата кариера.

38-годишниот Шпанец ја започна сениорската кариера во Гранољерс, а потоа патот го водеше низ најдобрите шпански клубови – Барса, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, пред да се пресели во Бундес лигата.

Таму играше за Хамбург, со кој стана европски шампион и Кил, од каде што дојде во македонскиот Вардар, каде пак остана белег со своите настапи. Со „црвено-црниот“ тим се искачи на европскиот трон во 2017 година.

Последните два клуба во неговата кариера се унгарскиот ПИК Сегед и швајцарскиот Кадетен Шафхаузен.

Покрај многубројните клупски трофеи, со репрезентацијата на Шпанија освои три златни медали – два на ЕП и еден на СП.